Featured
650,00 ден
МАСКА ЗА КОСА – MACADAMIA
Богата маска за длабинска нега на коса за професионална и домашна употреба.
Косата станува сјајна, мазна, витална и лесна за чешлање. Целосно природните состојки гарантираат сјаен и здрав изглед на косата, природна влажност и подобар волумен.
15 на залиха
Додади го во кошничка
Купи сега
Оваа маска е погодна за сите типови коса и сите возрасти, вклучувајќи деца, трудници и доилки. Посебно ви го препорачуваме доколку имате чувствителна коса, проблеми со постојано бојадисување на косата, расцветани врвови, сува коса, ако е тешко да ја чешлате и обликувате или лесно се витка. Целосно природни состојки гарантираат сјаен и здрав изглед на косата, природна влажност и подобар волумен.
Придобивки:
Ја одржува влажноста на косата
Маслото од макадамија делува како себум, заштитен слој на масло произведен од скалпот кој помага косата да остане влажна.
Ова масло содржи палмитолеинска киселина која е главната состојка на себум. Кога маската за коса со макадамија се нанесува на косата, таа ја навлажнува косата како себум кој недостасува на скалпот поради различни фактори, како надворешни или органски.
Секој прамен на косата е заштитен со надворешен слој чија функција е да ја одржува влажноста и да го спречи оштетувањето на косата.
Длабински ја храни, обновува и хидрира дури и најоштетената и многу сува коса.
Дава дополнителен сјај на здравата коса.
Производот е наменет за сите типови коса, како и за трудници, доилки и деца
Производот се користи секогаш кога ја миете косата.
Со нанесување на производот ќе забележите подобрен изглед на вашата коса и ќе го вратите нејзиниот природен сјај.
Состав:
Масло од макадамија – Природно ја навлажнува косата, го зајакнува и штити влакното. Исто така, ја зајакнува и регенерира косата, особено поделените врвови. Не остава впечаток на мрсна коса, го спречува виткањето на косата. Ова масло е богато со хранливи Омега 3, 5 и 7 масни киселини кои ја подобруваат целокупната состојба на косата. Маслото од макадамија (Macadamia Ternifolia Seed Oil) е богато со масни киселини и калиум. Содржи поголема концентрација на палмитолеинска киселина, што ги прави кожата и косата мазни по нанесувањето. Ја прави косата поцврста и поздрава, а за разлика од минералните масла, маслото од макадамија не се задржува на косата и скалпот, па косата нема да добие безживотен изглед со чувство на тежина. Содржи антиоксиданси кои придонесуваат за обновување на косата од надворешни влијанија, како што е загадувањето на воздухот. Маслото од макадамија и дава мазност на косата и ја прави да изгледа посјајно. Посебно е погоден за сува и оштетена кадрава коса, бидејќи го олеснува обликувањето.
Шеа путер – го смирува иритираниот скалп, и дава на косата сјај и мазност.
Масло од арган – богато со омега 9 масни киселини, кои ја обновуваат и зајакнуваат косата. Покрај масни киселини, маслото од арган (Argan Oil Glycereth-8 Esters) содржи и моќни антиоксиданси како витаминот Е, кои ја штитат кожата и косата, обезбедуваат сјај, го намалуваат статичкиот електрицитет, овозможуваат полесно обликување и обезбедуваат заштита од УВ зрачење. Аргановото масло содржи олеинска и линолеинска киселина, кои ја штитат косата од губење на влага и сушење. Освен што е антиоксиданс, маслото од арган има и антиинфламаторно дејство, го смирува скалпот и го спречува првутот.
Начин на употреба: Откако ќе ја измиете косата со шампон, исплакнете ја со вода. Потоа ставете ја маската на косата, втријте ја целата должина на косата, како и скалпот. Завиткајте ја косата во крпа и оставете ја да отстои најмалку 15 минути. Потоа исплакнете ја и исушете ја косата. Можете да ја држите маската подолго од 15 минути. Користете ја секогаш кога ќе ја миете косата. За да ја одморите косата во текот на летото од штетното влијание на сонцето, маската во овој период може да се чува преку ноќ.
Маската за коса со макадамија претставува одлична заштита од надворешни фактори кои ја оштетуваат косата, како што се сонцето и УВ зраците. Исто така, со користење на оваа маска го намалувате времето потребно за сушење на косата со фен, што дополнително го намалува оштетувањето на косата.
Нето 1000 мл.
Коментари
Сè уште нема прегледи.