540,00 ден
SAMPON PROTIV PRVUT
Шампон против првут за нега и темелно чистење на скалпот и коса склона кон првут.
38 на залиха
Додади го во кошничка
Купи сега
Доколку имате првут, чувствителен скалп, односно сува кожа, мрсна и оштетена коса, тогаш шампонот за елиминација на првут Angel Bio Therapy е вистинскиот избор за вас и вашето семејство. Нема никакви несакани ефекти, секој може да го користи, дури и децата.
Содржи хранливи растителни масла од рицинус и чичак (магарешки трн), екстракт од рузмарин, кои влијаат на отстранување и балансирање на прекумерните масла и првут, а истовремено го негуваат скалпот и косата. Една од состојките е маслото од бабасу, кое ја прави косата мека, свиленкаста и сјајна. Погоден е и за жени и за мажи. Шампонот може да го користат и деца како и луѓе кои ги немаат овие проблеми бидејќи нежно го чисти скалпот и го спречува првутот. Без парабени.
Успешно го решава проблемот со себореа кај некои корисници.
Придобивки од шампонот против првут:
Ефикасно го елиминира првутот.
Помага при себореја.
Го храни скалпот, ги смирува иритациите и воспаленијата.
Го намалува чешањето.
Има антибактериски и антигабични ефекти.
Погоден за мрсна коса.
Ја подобрува сувата и оштетена коса.
Косата ја прави мека, свиленкаста и сјајна.
Пријатен, освежувачки мирис.
Погоден за мрсен првут и сув првут.
Шампон против првут-состав:
РУЗМАРИН, РИЦИНУС и МАСЛО ОД МАГАРЕШКИ ТРН се главните активни состојки на шампонот кои ќе ве ослободат од првутот.
Рузмарин – Има антигабични својства, ги елиминира габите кои предизвикуваат првут, ја намалува мрсноста на скалпот и ефикасно го отстранува првутот.
Рицинусово масло – Има антибактериски својства и го смирува воспалениот скалп и го спречува првутот. Го намалува чешањето и иритацијата на главата.
Масло од магарешки трн – Го намалува лупењето на скалпот, го зајакнува фоликулот на косата, го спречува опаѓањето на косата и го подобрува растот на косата. Богат е со антиоксиданси како што се кверцетин, лутеолин и фенолни киселини. Ја зајакнува косата, го смирува скалпот, го намалува опаѓањето и и дава сјај и мекост.
Алантоин – Соединение кое се наоѓа во различни растенија, ја смирува кожата, иритацијата и чешањето на скалпот, ја храни и освежува.
Бабасу масло – природно ги хидрира скалпот и косата. Ги смирува иритациите на кожата и ги регенерира клетките на кожата на скалпот. Ги регенерира поделените влакна.
Пироктин оламин – Помага во намалување на првутот, особено корисен за обоена коса.
Цинк PCA – Го контролира прекумерното производство на масло од скалпот, ја намалува мрсната коса, ја штити косата од бактерии и габи кои предизвикуваат првут.
Начин на употреба:
Нанесете шампон на влажна коса. Нежно масирајте од коренот до краевите. Оставете да отстои 2-3 минути. После тоа, темелно исплакнете ја косата и нежно исушете ја со крпа.
Нето: 400 ml
Коментари
Сè уште нема прегледи.